Санела Шкриељ и Марија Кочовска – нови пратенички во македонското Собрание

Санела Шкриељ и Марија Кочовска се новите пратенички од редивуте на владејачката СДСМ во македонското Собрание. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, актуелната министерка за одбрана и Бисера Костадиновска Стојчевска, која сега е министерка за култура.

Ова доаѓа по одлука на Државната изборна комисија.

Санела Шкриељ беше дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика во преодната Влада пред парламентарните избори во 2020 година, а во парламентот влегува како кандидатка од втората изборна единица.

Марија Кочовска е од Демир Хисар и на последните парламентарни избори беше на листата во петтата изборна единица.