Мицкоски во Вашингтон се сретна со шефот за политика на корпорацијата ДФЦ

Премиерот Христијан Мицкоски пред да замине во САД најавуваше дека ќе има средби на „ултра високо ниво“, особено во американската владина агенција ДФЦ околу инвестирање во рударски потфати во Македонија. Владата денеска испрати соопштение дека Мицкоски имал разговори во Меѓународната корпорација на финансирање на развојот (ДФЦ) со Каролина Вик, која според веб-страницата на ДФЦ ја води политичката агенда на агенцијата во поддршка на приоритетите на американската надворешна политика.

На средбата се разговарало за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. Според претходните изјави ДФЦ во соработка со компанијата од Австралија сопственост на Австралијанец со македонско потекло ќе работи на отворање на рудник за антимон во Македонија.

Премиерот имал средби и конгресмените Кит Селф и Клодија Тени, и двајцата членови на Републиканската партија. Селф е претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД и на средбата со него се разговарало за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Тени е копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.