Михаел Рот доаѓа во Скопје на средби со државниот врв

Михаел Рот – претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг денеска ќе престојува во посета на земјава.

Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што најавија од собраниската прес-служба, Рот ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи – Антониjо Милошоски.

Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.