Никола Минчев – претседателот на народното собрание на Бугарија во интервју за „БТВ“ рече дека планира да се сретне со неговиот македонски колега, Талат Џафери. Минчев вели дека на дневен ред е нова средба на двете законодавни тела на Бугарија и С. Македонија.
Минчев информира дека последен пат средба на двајцата претседатели на парламентите на двете земји имало во март 2009 година, кога била последната средба на вакво ниво.
Тој смета дека ваква средба е неопходна во поглед на севкупните процеси на Западен Балкан и особено во контекст на актуелните односи меѓу Бугарија и Македонија.