Високи ковид-бројки и во Германија – 64.340 новозаразени

Во Германија се регистрирани 64.340 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, објави Институтот за заразни болести – „Роберт Кох“.

Оттаму информираат дека вкупниот број потврдени случаи на инфекција со вирусот во Германија достигна над 7.3 милиони

Само во последното деноноќие има 443 нови смртни случаи поврзани со Ковид 19, а вкупниот број на починати од Ковид во земјата достигна 113.368 лица.