Министерот Меџити за разрешувањето на директорот на Кардиохирургија: Стануваше збор за злоупотреба на работното време!

Министерот за здравство, Фатмир Меџити во вечерашното гостување на ТВ24 го коментираше разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор д-р. Сашко Јовев.

„Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори“ – рече Меџити.

Министерот додаде дека Инспекцијата утврдила неправилности и злоупотреби на Клиниката за кардиологија и затоа потпишал решение за разрешување.

Тој напомена дека д-р. Јовев како доктор многу го почитува.