Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во НАТО алијансата додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.
„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“ – рече Милановиќ.
Тој хрватската влада ја нарече „предавничка“.
„Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во БиХ, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“ – рече Милановиќ.
Оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите.