Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е во работна посета на САД, денеска изјави дека Косово е реалност и дека Србија ќе мора да се навикне на тоа.
Вака тој ја коментираше изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поврзана со неговиот повик до членките на Обединетите нации да го признаат Косово, соопшти прес-службата на претседателот на Хрватска.
„Еве ги гледам овие 100 земји наредени да го слушаат Милановиќ, сите се туркаат. Таму велат: „Ние бевме поканети од Милановиќ, па се залагаме да потпишеме за независно Косово“. Жабата виде дека коњот го коваат, па мораше да каже нешто за тоа“, изјавата на Вучиќ во Њујорк ја цитираат локалните медиуми откако беше прашан како ја коментира поканата на Милановиќ.
Повикувајќи ги Србија и Косово да се држат до договорот и потпишаното, Милановиќ рече дека „го поддржува правото на постоење на албанскиот народ на Косово и на косовската држава, како и нивното членство во ОН“.
„Србија може да го опструира, тоа веќе го прави, но Србија е свесна дека Косово е реалност. Не е лесно, но ќе мора да се навикнат, рече Милановиќ, кој претходно во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, меѓу другото, повика на признавање на Косово.