Меѓународен фестивал “PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand” во театар Комедија

Во театар Комедија денеска меѓународни и локални уметници ќе реализираат програма посветена на уличната култура, современата уметност и јавниот простор. Настанот е дел од меѓународниот фестивал “PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната кохезија, инклузијата и културната размена помеѓу различни заедници.

Во театар Комедија денеска меѓународни и локални уметници ќе реализираат програма посветена на уличната култура, современата уметност и јавниот простор. Настанот е дел од меѓународниот фестивал „PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната кохезија, инклузијата и културната размена помеѓу различни заедници.

Во периодот од 16:30 до 18:30 часот, меѓународни уметници од различни европски земји ќе работат на изработка на големи мурали во соработка со локалната заедница, а посетителите ќе имаат можност активно да се вклучат во креативниот процес, работилници, панел-дискусии и активности посветени на уличната култура и современата уметност.

Домаќин на фестивалот е Здружението за културна соработка Интеркултура Скопје.