Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека верува оти поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина нема да трае долго.
Тој на Телеграм напиша дека во одреден момент Конгресот на САД ќе престане да ја поддржува Украина, бидејќи, како што наведе, „Америка секогаш ги напушта своите пријатели“, пренесува Тасс.
Медведев напиша дека „обичните Американци полека ја сфаќаат реалноста, што ќе влијае на Конгресот, кој на крајот ќе престане безрезервно да го поддржува украинскиот режим“.
Тој додаде дека САД, и покрај борбата за превласт на демократите и републиканците во Конгресот, ќе продолжат да издвојуваат големи суми пари за финансирање на украинската страна во конфликтот, бидејќи, како што рече, „русофобијата е дел од консензусот на политичките елити во Америка“.