(Видео) Снежно невреме во Њујорк

Снежна бура ја зафати западната држава Њујорк, вклучувајќи го градот Бафало.

Викендов се очекува да падне повеќе од 1 метар снег во градот, јавува Ројтерс.

Во округот Ири е прогласена вонредна состојба, а возењето е забрането, освен во итни случаи.

Обилните снежни врнежи не се невообичаени за западниот дел на државата Њујорк, кога топлите води на Големите езера Ири и Онтарио доаѓаат во контакт со студениот воздух што доаѓа од Арктикот.