МВР објави видео од апсењето на трите одговорни лица од гостиварски „Комуналец“

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.

МВР сподели видео од апсењето на трите лица од гостиварски „Комуналец“.

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.

– Лишени од слобода се А.А. од село Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од село Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од село Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, информираа од МВР.

Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка, посочија од полицијата.