
Синдикална кошница во јули 68 498 денари, намалена за 156 денари на месечно ниво
Синдикалната кошница за месец јули изнесува 68 498 денари, според Сојуз на синдикати на Македонија. Споредбено со минатиот месец, синдикалната кошница е намалена за 156 денари. Според пресметките најголем дел од семејниот буџет се трошат за храна и пијалаци, односно се излеваат 25 012 денари.
Синдикалната кошница за месец јули изнесува 68 498 денари, според Сојуз на синдикати на Македонија. Споредбено со минатиот месец, синдикалната кошница е намалена за 156 денари. Според пресметките најголем дел од семејниот буџет се трошат за храна и пијалаци, односно се излеваат 25 012 денари.
Потоа следат трошоците за образование, облека и обувки, како и за станарина, вода, електрична енергија и греење-ставка која изнесува 6 379 денари. За четиричлено семејство без трошок за кирија потребни се 68 498 денари.
Структура на новата СМК за месец јули 2026
месечно по домаќинство структура по проценти
храна и пијалоци 25 012 36,5
облека и обувки 6 511 9,5
станарина, вода, ел.енергија,греење 6 379 9,3
лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2 667 3,9
здравје 1 196 1,7
транспорт 5 041 7,4
комуникации 3 677 5,4
рекреација и култура 5 592 8,2
образование 7 192 10,5
ресторани и хотели 4 131 6,0
останати стоки и услуги 1 100 1,6
ВКУПНО 68 498 100,0
Опозициската СДСМ ја обвинува власта дека просечната плата не го следи растот на трошоците.
„Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Мицкоски и неговата неспособна ВМРО-ОКГ продолжуваат да ја туркаат државата во економски колапс. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја доведоа Македонија до економски колапс. Наместо да ги штитат граѓаните, тие ги оставија сами да се борат со поскапувањата, ниските плати и празниот буџет.“
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата од опозицијата.
„Со оглед на тоа што цената на „минималната“ синдикална кошничка создадена од СДС и нивниот орган ССМ, за овој месец е помала од минатиот, паѓаат во вода сите нивни обвинувања.“
Сојузот на синдикати на Македнија, не отстапува и бара минималната плата на работниците да изнесува 600 евра, како и зголемување по 100 евра на сите останати плати.