Мања Величковска ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критично пишување за 2026

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критичко пишување за 2026 година ја доби Мања Величковска за текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“. Величковска во текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“, ги анализира механизмите преку кои квир телата, знаењата и културните содржини се конструираат како општествена закана, поаѓајќи од конкретни примери од современиот македонски културен контекст. Наградениот текст ќе биде јавно претставен во рамки на годишниот симпозиум на АИКА Македонија и објавен на платформите на Здружението.

По повеќегодишен период, конкурсот за наградата „Ладислав Баришиќ“ , што ја доделува АИКА Македонија, повторно побуди значителен интерес, велат организаторите. На конкурсот пристигнаа седум пријави, од кои, по првичната селекција, три текста влегоа во потесниот избор. Трите текста отвораат различни и актуелни прашања во современата уметност и култура. Јованка Попова, во текстот „Музеј на солидарност“, го разработува концептот на музејот на солидарноста, преиспитувајќи ја современата улога на музејот и неговите институционални, општествени и политички релации. Билјана Исијанин, во текстот „Улогата на уметникот во време на замена на стварното“, ја истражува трансформацијата на улогата на уметникот во услови на дигитализација, виртуелност и технолошки посредувана стварност, отворајќи прашања за новите критериуми на вреднување и за позицијата на уметникот во дигиталната култура.

Пристигнатите дела ги вреднуваше жирито во состав: Владимир Јанчевски, Натали Рајчиновска-Павлеска и Билјана Тануровска-Ќулавкоски, членови на АИКА Македонија. Според збирната евалуација на жири-комисијата, Мања Величковска освои 42 бода, Јованка Попова 37, а Билјана Исијанин 33 бода.

Значителниот интерес за конкурсот, разновидноста на пристигнатите текстови и различните аргументирани позиции во рамките на жири-комисијата придонесоа процесот на евалуација и конечниот избор да траат подолго од првично предвиденото, со цел селектираните текстови да бидат внимателно и темелно разгледани. Комисијата ги разгледуваше текстовите според шест критериуми: оригиналност на темата и пристапот, аналитичка и критичка длабочина, квалитет на аргументацијата, релевантност на истражуваното прашање, квалитет на пишувањето и јасност на изложувањето и придонес кон развојот на современата критичка мисла.