Урош Блажиќ, масовниот убиец од Србија го нападнал цимерот во ќелијата на притворското одделение во Смедерево затоа што збеснал откако тој хрчел кога заспал.
Според неофицијални информации, Блажиќ, кој по вештачење во Специјалната затворска болница во Централниот затвор во Белград, бил вратен во притворското одделение во Смедерево, веднаш направил проблем.
Имено, како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, тој се скарал со својот цимер за спиење, односно му замерил на човекот што рчи.
– По расправија за ‘рчењето, цимерот заспа, а Блажиќ полуде кога повторно рчеше. Тој скокнал врз него и почнал да го клоца и му викал да престане да ‘рчи, а кога се соочил со него почнал да го удира со тупаници по главата – вели изворот за српски Телефраф, додавајќи дека посериозен инцидент спречило обезбедувањето кое влегло во соба и ги разделило двајцата приведени.
Инаку, цимерот на Блажиќ по нападот има модринка под окото, додека масовниот убиец не е повреден.
Да потсетиме, на 4 мај, вооружен со „калашников“, пиштол и две рачни бомби, Урош Блажиќ изврши крваво дивеење во селата Мало Орашје и Дубона, при што уби осум, а рани 14 лица.
По злосторството побегнал, но неговиот автомобил се заглавил во соседното село Шепшин, каде украл друго возило и се упатил кон Мали Пожаревац, каде киднапирал такси и го принудил таксистот да го однесе од селото Вињиште кај Крагуевац, каде набрзо бил уапсен во куќата на неговиот вујко.
По апсењето, тој ги молел полицајците да не го тепаат, а на рочиштето рекол дека пукал затоа што „чувствувал дека мештаните заговараат против него и дека тој и неговото семејство се изложени на потсмев“.
Инаку, поради оружјето што било пронајдено во нивните куќи и имоти, уапсени се и таткото на Урош, Радиша, вујко Горан Г. и братот на вујкото.