Претседателот на Франција – Емануел Макрон го обвини својот руски колега – Владимир Путин за лицемерие и цинизам, откако Москва соопшти дека ќе отвори хуманитарни коридори за да дозволи евакуација на цивили од неколку украински градови, но само во Русија или Белорусија.
„Сето ова е несериозно, тоа е морален и политички цинизам, кој го сметам за неподнослив“ – изјави тој во интервју за телевизијата „LCI“ .
Макрон додаде дека ветувањата за зашти на цивили за да можат само да бегаат кон Русија се „лицемерни“.