Македонското Собрание денеска ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. „За“ гласаа 103 пратеници, а „против“ беа двајца пратеници.
За да станат Шведска и Финска членки на НАТО потребно е сите 30 членки да ги ратификуваат протоколите, а пред Македонија тоа го направија 17 други членки. Македонија е членка на НАТО од 27 март 2020 година.
Шведска и Финска се решија да му се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина, а процедурата официјално почна на 5 јули, кога амбасадорите на 30-те членки во НАТО ги потпишаа протоколите.
На седницата во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и претставници на дипломатскиот кор.