Македонскиот нето просек во октомври – 29.145 денари

Државниот завод за статистика информира дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година е 29.145 денари, што во однос на октомври 2020 година, изнесува индекс 104.5.

Зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1 процент) и Други услужни дејности (2 проценти).