Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45

Во Македонија во 2024 година биле регистрирани 78 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители, покажуваат податоците нза регионалната распределба на жртвите во сообраќајот во Европа. Со оваа стапка Македонија е над просекот на Европската Унија, кој изнесувал 45 смртни случаи на милион жители.

Во Македонија во 2024 година биле регистрирани 78 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители, покажуваат податоците нза регионалната распределба на жртвите во сообраќајот во Европа.

Со оваа стапка Македонија е над просекот на Европската Унија, кој изнесувал 45 смртни случаи на милион жители. Иста стапка од 78 загинати на милион жители имала и Србија, додека во Албанија биле регистрирани 74, а регионален рекордер според оваа црна статистија е Црна Гора 120 смртни случаи на милион жители.

Според податоците на Евростат, во 2024 година на територијата на ЕУ имало вкупно 20.210 смртни случаи во сообраќајни несреќи.

Највисока стапка во ЕУ имал бугарскиот Северозападен регион, со 148 смртни случаи на милион жители. Следува португалскиот регион Алентежо со 137, француските прекуморски региони Гваделуп со 131 и Француска Гвајана со 114, како и Корзика со 113 смртни случаи на милион жители. Висока стапка е регистрирана и во романскиот регион Југозападна Олтенија, со 111 загинати на милион жители.

Од друга страна, во 15 региони во ЕУ имало помалку од 20 смртни случаи на милион жители. Во финскиот регион Оланд не бил регистриран ниту еден смртен случај во сообраќајни несреќи.

Меѓу регионите со најниски стапки се и регионот на главниот град на Белгија, Брисел, со девет смртни случаи на милион жители, Стокхолм во Шведска и Виена во Австрија со по 10, како и шпанските региони Мелиља и Сеута, со 11, односно 12 смртни случаи на милион жители.