Македонија на 41. место во Европа според БДП по жител

Македонија е рангирана на 41. место од вкупно 48 европски економии, според проектираниот номинален БДП по жител за 2026 година, со околу 11.760 долари по жител, покажуваат октомвриските проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прв на листата е Лихтенштајн, со над 230.000 долари, а зад него се Луксембург и Ирска. Следуваат Швајцарија, Норвешка и Исланд, со повеќе од 100.000 долари по жител.

Македонија е рангирана на 41. место од вкупно 48 европски економии, според проектираниот номинален БДП по жител за 2026 година, со околу 11.760 долари по жител, покажуваат октомвриските проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прв на листата е Лихтенштајн, со над 230.000 долари, а зад него се Луксембург и Ирска. Следуваат Швајцарија, Норвешка и Исланд, со повеќе од 100.000 долари по жител.

БДП по жител покажува колкава економска вредност се создава во една земја во однос на бројот на жители. Така, Германија има поголем вкупен БДП од Лихтенштајн или Луксембург, но нејзиниот БДП по жител е околу 65.700 долари.

Македонија е пред БиХ, а зад Србија, Црна Гора и Албанија
Во ова рангирање, кое е направено според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), споредено со земјите од регионот, Македонија е на 41. место со околу 11.760 долари номинален БДП по жител. Србија е со околу 17.126 долари БДП по жител, Црна Гора со 16.211, а Албанија со околу 13.968 долари, кои се рангирани пред Македонија, додека Босна и Херцеговина, со околу 10.845 долари БДП по жител, е зад Македонија.

Споредбата со првопласираните држави покажува дека номиналниот БДП по жител во Лихтенштајн е речиси дваесет пати повисок од македонскиот и над пет пати повисок од германскиот.

Македонија расправа за Буџетот за 2027
Овие податоци се објавени во време кога во Македонија, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, почна расправата за Предлог-буџетот за 2027 година.

Образложувајќи го предлогот пред пратениците, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера (13.11.2026) истакна дека Буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст преку развојни инвестиции и редовно исполнување на обврските кон граѓаните.

Според проекциите на Министерството за финансии, вкупните приходи за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, што е раст од 5,7% во однос на 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, односно раст од 4,8%.

Предвиден буџетски дефицит – 3,5% од БДП
Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП, а за капитални инвестиции се издвојуваат 40,8 милијарди денари. Владата очекува економски раст од 3,8%, придвижен главно од домашната побарувачка и бруто-инвестициите кои се проектирани да растат за 6,8%, додека приватната потрошувачка би пораснала за 2,5%, а јавната за 1,1%.

На приходната страна, даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, социјалните придонеси на 133,8 милијарди, неданочните приходи на 30,5 милијарди, а донациите на 5 милијарди денари.