
Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина
Двајца американски туристи се повредени, откако непознато лице ги нападнало со нож во близина на влезот на Акропол во Атина, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА.
Нападот се случил кусо по 8 часот утрово пред билетарницата за влез на Акропол, според првичните неофицијални информации, повредени се маж и жена од САД, мажот е посериозно, а жената полесно повредена.
Според истите информации сторителот е со психолошки проблеми, без причина ги нападнал туристите, а по интервенција на полицијата веднаш беше совладан и уапсен.
Туристите со возило на брза помош биле пренесени во болница.