Сања Лукаревска – заменик претседателката на СДСМ за тв Канал 5 рече дека приоритет е во Парламентот да се носат закони кои ќе значат повисок животен стандард за граѓаните.
„Тоа го покажавме преку минималната плата, на ред ќе дојде во собраниска процедура законот за пензии бидејќи сега се преговара со сите оние засегнати страни“ – рече Лукаревска.
Во однос на барањето за предвремни парламентарни избори, таа истакна дека во овој период не е време за избори, туку за решавање на кризите и унапредување на животниот стандарт на граѓаните.
„Наша обрвска е да решаваме прашања во рамки на парламентот, да носиме закони кои ќе значат висок животен стандард на граѓаните. И тоа го правиме. Го покажавме преку минималната плата, одговорот на енергетската криза, на ред ќе дојде во собраниска процедура и законот за пензии бидејќи сега се преговара со сите оние засегнати страни. Има повеќе отворени прашања, меѓутоа лидерска средба каде што ќе бидеме уценети дека по секоја цена треба да има парламентарни избори секако дека не е прифатлива за СДСМ. Она кое што треба да се разговара крупни прашања кои значат стандард на граѓаните и решавање на други проблеми, стратешки прашања и слично. Подаваме рака за решение, за деблокада на Собранието меѓутоа тоа не значи дека во едно вакво време, кога е потребен фокус на решенија на енергеткста криза дека би прифатиле уцена за предвремени избори. Следните избори ќе бидат во 2024 година“ – порача Лукаревска.