Лина Ѓорческа се пласираше на Вимблдон, ќе игра на главниот турнир
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска направи историски исчекор и се пласираше на главниот турнир на Вимблдон. Таа попладнево со 2:0 во сетови, во третото квалификациско коло ја победи Луција Бронзети, која е 127-та на ВТА листата.

Ова прв пат македонска тенисерка да избори пласман на грен слем турнир, а успехот е уште поголем бидејќи станува збор за неофицијалното светско првенство во тенис. По сетови, Ѓорческа беше подобра од Бронзети со 6:1, 6:2, во меч кој траеше 75 минути.
Ова е најголем успех на Ѓорческа, која до сега се обидуваше во неколку наврати да избори пласман на некој од грен слем турнирите. Годинава учествуваше во квалификациите за главните турнири на Австралија опен во Мелбурн и на Ролан Гарос во Париз.