Ливерпул го реализираше еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот

Англискиот Ливерпул го договори трансферот на Еквадорецот од редовите на Брајтон – Мојсес Каиседо за 126 милиони евра, на денот кога стартува новата сезона во Премиерлигата.

За потписот на Еквадорецот беше „во игра“ и Челзи, но „црвените“ беа поубедливи и добија сигурен дефанзивен играч за врска.

Кога ќе се заврши трансферот на Каиседо, тој ќе биде шести по големина во историјата на фудбалот, веднаш зад Нејмар во ПСЖ (222 м.), Мбапе во ПСЖ (180 м.), Кутињо во Барселона (135 м.), Дембеле во Барселона (135 м.) и Феликс до Атлетико Мадрид (127м).

Каиседо беше еден од најдобрите играчи на Брајтон минатата сезона.

Претходната сезона не беше ниту во Англија бидејќи таа натпреварувачка година ја мина во белгиски Бершо, а од 2021 година е дел од европскиот фудбал.

Тој пристигна во Брајтон од еквадорскиот Индепедиенте.

Само една година подоцна, тој чекаше да биде една од најголемите трансфер приказни во историјата на фудбалот и секако стана најголемиот трансфер во историјата на еквадорскиот фудбал.

Преселбата во Ливерпул ќе биде официјализирана во петок, откако тој ќе ги заврши медицинските прегледи.