Курти се заканува со војна, наведе 4 причини зошто може да дојде до конфликт

Премиерот на Косово Албин Курти во својата изјава наведе четири причини зошто, како што вели, може да дојде до конфликт меѓу Србија и Косово.

Премиерот Курти во изјава за швајцарските медиуми меѓудругото наведе четири главни причини зошто е можна дури и војна меѓу Србија и Косово.

Како прва причина наведува дека Србија се уште не ја признава независноста на Косово, постојаното блокирање на неговото меѓународно признавање, како и наводното финансирање на нелегални структури кои ја поткопуваат независноста на Косово.

Друга причина, тврди тој, е што Србите не можат да се помират и да ги признаат злосторствата извршени за време на војните во 1990-тите.

Третата работа што го загрижува Курти е што, според него, Косово е реализирана демократија, додека Србија не е, туку се граничи со автократија.

Како последна причина, косовскиот премиер го наведува фактот дека Србија има блиски врски со Руската Федерација и додава дека за тоа придонесуваат блиските односи меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека „Косово не се плаши од акциите на Србија, туку дека е во состојба на готовност“.