Кривична за две физички и едно правно лице од Струмица – пронајдени околу 600.000 евра кеш пари за кои нема покритие

Средствата се предадени на понатамошна финансиска истрага, при што треба да се утврди нивното потекло и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

Полицијата во соработка со надлежни државни институции во текот на вчерашниот ден од едно правно и две физички лица од Струмица одзела околу 1,1 милиони евра, од кои во готовина 597.500 илјади евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство

Против две физички лица и едно правно лице од Струмица е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.

Во рамки на истрагата биле извршени претреси на локации поврзани со пријавените лица.

Средствата се предадени на понатамошна финансиска истрага, при што треба да се утврди нивното потекло и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и дали постои поврзаност со активностите опфатени со кривичната пријава.

Во рамки на истрагата се анализираат и финансиските текови и документацијата поврзана со пријавените лица и правното лице.