Косово ќе ја преиспита одлуката за три вакцини за влез во земјата
Министерство за здравство на Косово најави дека во текот на неделава е можно да се преразгледа одлуката за обврската на странските државјани при влез во земјата да приложат сертификат за три примени дози вакцина или две дози плус РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа.
Во соопштението од тамошното МЗ се вели дека евентуалната промена на одлуката, која е во сила од саботата,ќе зависи од развојот на епидемилошката состојба и бројот на новозаболени од Ковид-19.
„Сите преземени мерки беа резултат на редовната анализа на епидемилошката состојба, консултациите со здравствени експерти и со Советодавната комисија во врска со Ковид-19, кои се третирани од Комитетот за координација во врска со Ковид-19, каде што учествуваат интитуциите кои се одговорни за менаџирање на пандемијата„ се наведува во соопштението.
Епидемиолошката состојба се следи на дневна основа, па до крајот на неделава, мерките може да се преиспитаат.
Од обврската за приложување сертификати за вакцинација при влез во Косово се ослободени лицата кои патуваат транзитно, странските дипломати, децата до 12-годишна возраст и лицата кои имаат лекарска потврда дека се ослободени од вакцинација.