(Видео) Корубин: Предупредувањата од САД значат дека државата се враќа во периодот пред 2001
-Денеска сите го заборавија и СЈО како специјализирано обвинителство надвор од системот на заробената држава која веќе беше констатирана со извештаите на Прибе, што треба да ја гони високата корупција. Против СЈО имаше една здружена акција. Мислам дека е тоа кругот што го затвора или го посочува американската администрација и ни помага да се потсетиме зошто беа граѓанските протести, од кого беа узурпирани и зошто ние после осум години се враќаме не на ситуацијата од 2016-та, туку сакаме да се вратиме на ситуацијата пред 2001 година, вели Корубин.
„Ставањето на „Црната листа“ од страна на американската администрација е согласно нивните интереси. Сите лица што ги ставаат на т.н. „Црна листа“ е заради штитење сопствените интереси и помагаат во борба против корупцијата, високото политичко влијание на земјите кои се нивни партнери или на целиот регион, а ние како земја стратешки партнер на САД, ако го вреднуваме стратешкото партнерство тогаш треба да ги вреднуваме и нивните наоди, вели поранешната пратеничка и колумнистка Никица Корубин, во најновото издание на „Трилинг“.
За тоа каква е реакцијата кај нас во однос на лицата од „Црната листа“, Корубин вели дека таа е популистичко-пропагандна.
„Секој ставањето на „Црната листа“ на различни функционери го гледа од неговата призма на гледањето на нештата или од неговата моментална позиција. Деновиве сведочевме за еуфорија зошто поранешниот вицепремиер, Артан Груби е на „Црната листа“, некако во сенка падна судијата Енвер Беџети иако тој е причината, а истовремено сите го занемарија фокусот, а фокусот беше причината, а причината е поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, што сликата ја прави многу покомплексна и посложена.
-Таква еуфорија немавме за Катица Јанева, уште помалку за вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели Корубин.
Според поранешната пратеничка американската администрација пратила двојна порака со последните случаи и практично го затворила кругот на она што се нарекуваше граѓански протести, констатирање на заробената држава со извештаите на Рајнхард Прибе од страна на ЕУ и Пржинските договори.
„Најголема интервенција беше Специјалното јавно обвинителство. Денеска сите го заборавија и СЈО како специјализирано обвинителство надвор од системот на заробената држава која веќе беше констатирана со извештаите на Прибе, што треба да ја гони високата корупција. Против СЈО имаше една здружена акција. Мислам дека е тоа кругот што го затвора или го посочува американската администрација и ни помага да се потсетиме зошто беа граѓанските протести, од кого беа узурпирани и зошто ние после осум години се враќаме не на ситуацијата од 2016-та, туку сакаме да се вратиме на ситуацијата пред 2001 година. Во тој контекст треба да ги набљудуваме овие најнови ставања на „Црната листа“, потенцира Корубин.
Целото интервју со Никица Корубин, дадено за магазинот „Трилинг“, погледнете го во видеото.