
Под диригентство на Мира Фабјан, во камерната сала на Филхармонијата вечер ќе се одржи концерт на гудачкиот оркестар „Ајга“ со солистите Ана Гацева – пијано и Катерина Бачевска – флејта.

На концертот ќе биде доделена и наградата „Панче Пешев“ – највисоко професионално признание кое го доделува Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) на музички творци и музички писатели за да се истакнат најзначајните музички достигнувања во областа на музичкото творештво и музикологијата во текот на една година.
За 2025 година наградата „Панче Пешев“ им се доделува на композиторот Стојан Стојков за неговата балетска претстава „Градина на почетоците“ и на музичките писатели Соња Здравкова-Џепароска и Александар Трајковски, за нивната книга „Мојот пат – Антон (Тони) Баталаковски“.