Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје – апел да се доаѓа без возила, предвреме, а вратите ќе бидат отворени од 17 часот
Во координација со МВР, „Авалон“ информира дека замената на влезници за нараквици за концертот на David Guetta на 8 септември на стадионот „Тодор Проески“, ќе биде возможна и во вторник (08.09.), од 10 до 17 часот, на локацијата Градски парк – Вембли во Скопје.

Ги повикуваме сите оние кои се во можност да дојдат денес и да ја извршат замената навреме, со цел да се избегнат очекуваните гужви при процесот на замена во вторник.
РАСПОРЕД НА ЗАМЕНА ВО ГРАДСКИ ПАРК – ВЕМБЛИ:
Уште еднаш ги замолуваме сите оние кои се во Скопје и се во можност да ја извршат замената денес , како би се избегнале очекуваните гужви во вторник (08.09.)
Овој чекор го преземаме во координација со МВР, со цел да обезбедиме побрз влез на самиот настан, како и побезбедна и поефикасна реализација на протоколот за влез на најголемиот музички настан досега одржан во Македонија.

Воедно, упатуваме апел до посетителите да не доаѓаат со своите возила, туку да користат пешачки пристап или јавен превоз. Се очекува огромна маса на луѓе, а улиците околу стадионот ќе бидат затворени.
Ве молиме, доколку сте во можност, дојдете порано и планирајте го вашето пристигнување навреме, се вели во соопштението на „Авалон“.