Колумна на Бежовски: Дали Силјановска го минира Мицкоски да формира Влада?!

Пркосот кој што непотребно го покажа новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на денот на претседателска инаугурација со неизговарање на целото уставно име на државата не изгледа како ништо друго освен како отежнување на позицијата идниот мандатар, победникот на парламентарните избори, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ да формира влада.

Не верувам дека професорката Сиљановска не знае дека греши и го криши домашното, но и меѓународното право.

Секако таа тоа го прави водена од сопствените интереси, во мал дел од популизам, да не ги разочара гласачите, а секако во поголем дел дејствува во согласност со интереси на влијателната олигаријта и длабока држава, кои што застана позади неа на изборите за претседатела, се со цел да се закочат евро-интегративните процеси на Македонија, сето тоа во интерес на Белград и Софија, „задња пошта“ Москва.

Сведоци бевме дека професорката падна и на теоретскиот и на практичниот дел од „испитите“, по Меѓународно јавно право и по Меѓународна политика.

Да се потсетиме дека Македонија, во случајов Северна Македонија е мала сиромашна држава кој што не може да се пофали со комплетно функционална армија , а ниту пак со арсенал на нуклеарни боеви глави за да рамноправно парираме во „меѓународната реал политиката на нуклеарни боеви глави.“

Веројатно не помешала професорката дека е претседател на Израел, на пример?!

За таа цел сакам да ја потсетам професорката, а и тие што ја бранеа денеска, професори и поранешни судии дека постапила според Член 123 од важечкиот Изборен законик каде што не го содрежело зборот „Северна“, што е погрешни и нивниот настап објаснува зошто не нема на Шангајската листа на најдобри универзитети и зошто довербата во судството ни е цели 3 проценти. Професорката нели презираше незнаење?!?!

Уставот, Недвосмислено, и сосема јасен, сигерен сум дека и професорката е самата е свесна дека постапила погрешно затоа што според Уставот на Република Северна Македонија, глава VI. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, Членот 118, пропишува дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Одредбата е јасна и покрај тоа што не е изправен законот, според оваа одредба се подразбира дека Преспанскиот, како меѓународен, договор е дел од домашното законодавство и не може самиот договор да се менува со закон што значи дека меѓународниот договор има поголема правна сила од самиот закон, а со тоа името на државата ако не е напишано таму е Република Северна Македонија, без притоа подлабоко да навлегуваме во Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, која што е дел од нашето законодавство.

Покрај кршењето на домашното и меѓунароното право професорката на првиот ден како претседател на државата покажа и елементарно непознавање на меѓународната политика и секако односите на правото и силата во реал политиката што се дел од воведните лекции како во Меѓународното право така и во Меѓународното право како теоретски области.

Сеакако, веднаш реагираа на тоа ја потсетија нашите западни сојузници како гаранти на Преспанскиот договор, ако ги оставиме на страна реакцијата на грчката амбасадорка во Скопје и грчкото МНР како страна на Преспанскиот договор.

Германското МНР ја потсети Сиљановска за настапот и потенцираше дека Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор додека Амбасада на САД, по повод настапот на Сиљаноска, објави дека ќе продолжат да ја зајакнуваат важноста на почитување на меѓународните договори и на членството во ЕУ.

Целата ЕУ е на нозе.

И што направи Сиљановска со овој свој потег да не изговори Северна Македонија?!?!

Само му ја отежна и онака тешката позиција на Мицкоски за формирање на идната влада во услови кога Европскиот фронт(ДИУ) има договор со албанската опозиција (ВЛЕН) дека нема да влезат во влада која што нема да ги гарантира уставните измени со цел за внесување на бугарите во уставот, а со цел да отпочнат преговорите со ЕУ за пристапување на Северна Македонија.

Минирањето на Преспанскиот договор нема да созададе услови за брзо формирање на идната влада, а со самото тоа веројатно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се преиспитаат кој за што работи и кој со кого, против кого, со вакви тинејџерски постапки?!

Да се потсетиме дека западните сојузници се уште не му честитаа на Мицкоски за победата на изборите.

Авторот е Магистер по меѓународно право на Правен факултет Јустинијан Први Скопје при УКИМ каде што еден од професорите беше Гордана Силјановска Давкова