Ковид статистика во Франција – речиси 94.000 новозаразени за едно деноноќие

Во последните 24 часа во Франција со коронавирусот се заразиле 93.896 лица, соопшти тамошниот Институтот за јавно здравје. Притоа се додава дека починале 281 лице.

Во болниците во земјата само во последното деноноќие се хоспитализирани 767 заболени од Ковид-19, а во болниците во Франција моментно има 22.749 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во таа земја досега од коронавирусот починале 98.579 лица.