САД со најголем број на новозаразени за еден ден – 1.13 милиони луѓе

Во САД се регистрирани најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за последните 24 часа, а тоа апсолутен светски рекорд во време кога ширењето на високо заразниот сој на коронавирусот – Омикрон не покажува знаци на ремисија.

Претходно, негативниот рекорд беше 1,03 милиони, на 3. јануари годинава.

Вчера во земјата биле пријавени уште 135.500 нови хоспитализирани со Ковид-19, со што беше надминат досегашниот рекорд од 132.051, регистриран во јануари 2021 година.