„Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаме исклучително добри односи на сите нивоа. Албанија нема пречки да ги започне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
На прашање дали е логичен потег да ја направат оваа дистинкција и на Европа да ѝ кажат „Албанија нека се одвои од пакетот како кандидат од Македонија“, тој вели:
„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив? Албанија треба веднаш по завршувањето на овој процес на ревизија на законодавството, најдоцна до крајот на годината, да ги започне вистинските преговори за членство во ЕУ. Ако дотогаш Северна Македонија нема храброст да ја промени својата устав, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од самата држава“, вели европратеникот во интервју за бугарски „Актуално“.