Ковачевски: Со измените на КЗ не се опфатени сериозни дела

Измените на Кривичниот законик со кои се намалува предвидената затворска казна за злоупотреба на службена положба и се зголемува можноста за побрзо застарување на делата стапуваат на сила.

ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво.

Реагираше и Врховниот суд. Велат донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди, а за нив не било побарано мислење од врховните судии. Премиерот Ковачевски и денеска уверува – со законските измени не се опфатени сериозни дела.