Новиот мандатар Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Албанија – Илир Мета. Разговарале за актуелни теми со фокус на соработката меѓу двете соседни земји, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции.
Ковачевски изразил уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку иницијативата Отворен Балкан и дека двете држави наскоро ќе ги започнат преговорите со Европската Унија.
„Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги започнат преговорите за членство во Унијата, затоа што и Северна Македонија и Албанија досега исполнија се што од нив беше побарано, сега на ред е ЕУ“ – истакна Ковачевски.
Претседателот на Албанија – Илир Мета истакна дека очигледен е напредокот што Северна Македонија го постигнала во изминатите неколку години, го поздрави концептот „Едно општество за сите“ кое е уникатен пример во регионот истакна дека започнувањето на преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.