Ковачевски: Има нова динамика во разговорите со Бугарија!

Сите комуникации кои нашето МНР ги има со МНР на Бугарија се во фаза на работни документи, меѓутоа доколку се дојде до одредено решение, коешто ќе биде прифатливо за двете страни, тогаш нормално тоа ќе биде комуницирано, согласно со процедурите, законите и Уставот на државата кај нас“. Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски од Прилеп.

Тој истакна дека е внесена нова динамика во разговорите со Бугарија и договорен нов пристап во разговорите, свртен на реални теми.

Посочи дека меѓу министерствата ќе има  комуниција според потребите, особено меѓу министерствата за одбрана, бидејќи и Северна Македонија и Бугарија се членки на НАТО.

И од Комисијата за образовни и историски прашања се очекуваат резултати и динамична работа. Посочи дека таа работи по своја методологија и вклучува професори по историја.

„Таму ветија дека ќе има нова динамика во наредниот период, со цел да дојдат до решенија кои тие ќе можат да ги презентираат пред јавноста“ – додаде Ковачевски.