Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите

Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор е победа за работниците, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше потпишан во Владата е победа за работниците и е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, објави премиерот.

Вработените во јавниот сектор од септември оваа година ќе добијат 10 проценти повисоки плати и исплата на регрес за 2023 година во износ од 10 илјади денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.

– Од март 2025 ќе се спроведува нова Методологија на плата. Во новиот Општ колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата.

Заеднички со синдикатите дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук.