
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по прашање околу вчерашната средба на албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на албанските партии од Македонија, истакна дека Рама е докажан пријател на нашата држава.
„Секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден, со оглед дека во нашиот регион постојат два концепти, а тоа се каде што предводници сме јас, Рама и други премиери – европска интеграција на регионот и другиот концепт во кои што политичари сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Тие политичари никогаш не понудија алтернатива“ – кажа Ковачевски.
Премиерот истакна дека вчерашните пораки после тиранската средба се токму во насоката на непречено одвивање на европските интеграции на Македонија и Албанија.