Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол

Кипарската полиција денеска откри 260 килограми наркотична супстанца, најверојатно кетамин, во царински магацин во пристаништето Лимасол.

Кипарската полиција денеска откри 260 килограми наркотична супстанца, најверојатно кетамин, во царински магацин во пристаништето Лимасол.

Тоа е втора пратка кетамин што е конфискувана во Лимасол. Пред два дена во куќа во Лимасол беа откриени 126 килограми кетамин, при што беа приведени две двојки, едната од Израел, а другата Палестинци.

Денешното откривање на дрогата уследи откако во домот на приведените беа пронајдени документи што ги поврзуваат со магацинот, каде беше извршен претрес.

Според информациите од истрагата, станува збор за криминална група, составена од израелски државјани и лица од арапско потекло, кои шверцувале дрога од Израел до Кипар. Шверцот се вршел со помош на ултралуксузни јахти што ги користеле пристаништата Ларнака и Кипар.

Кетаминот е синтетички анестетик и лек, што се употребува во хуманата и ветеринарната медицина, но се злоупотребува и како рекреативна дрога.