Кевин Костнер со своја колекција парфеми, секој со своја приказна

Познатиот американски глумец Кевин Костнер одлучи да се испроба во нова улога – овојпат во соработка со „ниш“ брендот за парфеми и мириси „19-69“, со којшто создаде три нови мириси, по цени од 80 до 800 долари.

Познатиот американски глумец Кевин Костнер одлучи да се испроба во нова улога – овојпат во соработка со „ниш“ брендот за парфеми и мириси „19-69“, со којшто создаде три нови мириси, по цени од 80 до 800 долари.

Костнер (71) ја претстави својата колекција во соработка со брендот „19-69“, основан 2017 година од шведскиот уметник, парфимер и дизајнер Јохан Бергелин. Во неодамнешното интервју за списанието „Џи-кју“ (GQ), тој зборуваше за својот однос кон мирисите и откри детали за тоа што го поттикнало да инвестира во индустријата за убавина. Така, еден од трите мириси во колекцијата е „Пасифик кост хајвеј“ (Pacific Coast Highway), којшто, како што самиот вели, го потсетува на песната „Crystal Blue Persuasion“ (Кристално сино убедување) од групата „Томи Џејмс енд Шонделс“, од 1968 година. Тука е и парфемот „Херитиџ“ (Heritage), што доловува „многу мажествен простор и шумска атмосфера“, додека третиот се нарекува „Афтер аурс“ (After Hours), пренесува „Пипл“ (People).

Таткото на седум деца додаде дека мирисот „Афтер аурс“ му буди спомени од снимањето за неговата насловна страница на списанието „Венити фер“ (Vanity Fair) во 1989 година – „една од неговите први големи насловни страници“, кога фотографиите ги направи славниот Хелмут Њутн. Тој притоа раскажа дека, токму поради последниов мирис, бремена жена му пристапила додека тој гледал натпревар во одбојка на неговиот син.

– Таа ја помина целата сала и застана пред мене. Не знаев што сака. Потоа ме праша: „Видете, јас сум мажена жена и не сакам да Ве вознемирувам, но од каде доаѓа тој прекрасен мирис?“, се потсети глумецот.

Секој од мирисите е изработен врз база на парфемски екстракт и се нуди на пазарот во пакувања од 7,5 мл, 30 мл и 95 мл, по цени од 80, 300, односно 800 долари.