
Еден од копретседателите на ВЛЕН, Биљал Касами му честита на косовскиот премиер Албин Курти за победата на парламентарните избори, пофалувајќи го и изборниот процес и демократската атмосфера во земјата.
„Во мое име и во име на ВЛЕН, му честитам на мојот пријател Албин Курти за убедливата победа на парламентарните избори во Косово.
Се надевам дека институциите на Републиката ќе бидат консолидирани што е можно поскоро, врз основа на граѓанската волја изразена денес, за да можеме да ја продолжиме тесната соработка и добрата заедничка работа со Владата на Косово“, напиша Касами на социјалните мрежи.
Движењето Самоопределување на премиерот во заминување Албин Курти е во водство на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) врз основа на обработени 97,76 проценти од гласачките места.