
Касами: Одлуките во ВРЕДИ ќе се носат со најмалку четири гласа во петчленото претседателство
Копретседателот на новиот политички субејкт ВРЕДИ, Биљал Касами, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето – ако сега се едно, зошто Влен има двајца претседатели, одговори дека досега Албанците особено во Македонија пателе од узурпација на позицијата претседател на партијата.
Копретседателот на новиот политички субејкт ВРЕДИ, Биљал Касами, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето – ако сега се едно, зошто Влен има двајца претседатели, одговори дека досега Албанците особено во Македонија пателе од узурпација на позицијата претседател на партијата.
Според Касами, тоа било случај во неколку партии по што следувале поделби.
„Носени од ваквата реална ситуација, ние веќе се соединивме првично како една коалиција за да работиме долго време, околу две години, и да видиме кој е најдобриот модел за да бидеме заедно, а да се намали опасноста од поделби после тоа. И ова се најде како најдобар пример и модел. Значи, не е само принципот на двајца претседатели, туку генерално – наместо еден претседател, лидер, неприкосновен, кој ги носи одлуките во сите други политички партии, овде имаме претседателство, овде имаме едно колективно тело каде што генерално одлуките ќе се носат помеѓу тие пет членови на тоа тесно претседателство на Влен“,рече Касами.
Петте партии на коалицијата ВРЕДИ се споија во еден политички субјект на конгрес што се одржа во саботата во Скопје. На конгресот беше одлучено сега Влен да има двајца претседатели – Изет Меџити и Биљал Касами, како и двајца потпретседатели, Мимоза Муса и Беким Ќоку. Генерален секретар на партијата е Беким Сали. Овие петмина се дел од претседателството за кое зборува Касами.
Ако се погледне од каде потекнуваат политички, секој од нив доаѓаат од една од петте партии што сега се спојуваат во една. На прашањето дали ова е, практично, санкционирање на поделбата, Касами негираше. Тој ги оцени своите лични односи со копретседателот на ВРЕДИ, Изет Меџити, како прекоректни и рече дека имаат меѓусебна доверба.