Калуѓерка-коцкар проневерила над 800.000 долари

Калуѓерка од САД, директорка на католичко училиште во Калифорнија е осудена на 1 година затвор поради финансиска злоупотреба.

Извесна Мери Маргарет Кропер проневерила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште во Торанс и со парите играла во казино и ги користела на скапи одмори.

Сестрата Мери била зависна од коцкање.

Кога било побарано образложение од сестрата, таа рекла дека, бидејќи свештениците се подобро платени од калуѓерките, таа требало да добие зголемување.