Калајџиев за извештајот на ЕК: Не знам во кој филм е премиерот, ама вакво ниво на комуникација и однос кон судската власт и ЈО е непримерно за европска држава
„Не знам во кој филм е премиерот, ама вакво ниво на комуникација и однос кон судската власт и јавното обвинителство е непримерно за една европска држава“, вели универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за „Локално“. Според него, владеењето на правото бара независни и компетентни институции на правдата.
„Не знам во кој филм е премиерот, ама вакво ниво на комуникација и однос кон судската власт и јавното обвинителство е непримерно за една европска држава“, вели универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за „Локално“. Според него, владеењето на правото бара независни и компетентни институции на правдата.
-Целата ситуација зборува лошо за нашата општа и правна култура. Не може власта врз правната држава да гледа пазарџиски и од аспект на дневнополитичките интереси. Брука, потенцира професорот.
Калајџиев истакнува дека создавањето услови за непречено функционирање на судовите и обвинителството е императив за извршната власт.
-Не знам од каде овие султански манири на премиерот кон правните институции, прашува соговорникот, нагласувајќи дека состојбите во правосудството се критични веќе подолго време.
-Тешко дека некој може да го измери тоа прецизно од година во година. Битно е дека Европа јасно ни става до знаење дека нешто мора да се промени. Јас сум убеден дека доколку власта покаже доблест да ги тргне рацете од овој сектор, работите веднаш ќе тргнат на подобро. Лесна задача. Кој може да разбере, посочува Калајџиев.
Извештајот покажува и дополнително опаѓање на довербата во судството. Во 2026 година само 21 отсто од граѓаните и 19 отсто од компаниите сметаат дека независноста на судовите и судиите е добра или многу добра, додека една година претходно тие проценти изнесувале 28, односно 26.
Како главни причини за ниската доверба се наведуваат перцепцијата за мешање и притисок од Владата и политичарите, како и влијанието на економски и други посебни интереси врз работата на судството.
Целиот текст на Локално мк