Кадиров: Русија ќе ги ослободи Луганск и Доњецк, па ќе го заземе Киев!

Рамзан Кадиров – претседателот на руската република Чеченија, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови. Тој во видео-порака објавена рано изутринава преку платформата „Телеграм“ вели дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“), а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови“.

„Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад“ – вели Кадиров.

Неговата изјава доаѓа во мигови кога конфликтот во Украина се преместува на исток каде украинските сили се утврдени и добро подготвени за борба.

Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајќи на Луганск и Доњецк.