И Јанша е позитивен на коронавирусот

Премиерот на Словенија – Јанез Јанша е позитивен на коронавирусот.

„Успешно го избегнувавме коронавирусот две години. Вчера двете момчиња беа позитивни, мојот тест беше негативен. Денеска, за жал, и мојот е позитивен. Сите симптоми се класичните симптоми. Засега поблаги. Така и нека остане“ – соопшти Јанша.

Во Словенија се регистрирани 5.076 новозаразени со коронавирусот, по направени 1.566 ПЦР-тестови и 52.036 брзи антигенски тестови.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравство, во Словенија во моментов има 173.862 активни случаи на вирусот.

Бројот на потврдени случаи во последните 14 дена на 100.000 жители е 8.239, што е за 588 помалку од претходниот ден.