Интервју Алистер Стујард: Преспанскиот и договорот со Бугарија ве обезличува како народ и нација

Колумнистот Алистер Стујард вели дека Договорот со Бугарија е загрижувачки од два аспекти, првиот е убиство на карактерот на една земја и вториот е тоа што им отвара пат на владите од други земји да одлучуваат за нашиот карактер.

– Тоа е спакувано како добра и здрава идеја, но сметам дека е монстуозна и сметам дека тоа е ужасен договор кој и дава премногу контрола на друга земја, што е најстрашно, промената на името нема логика. Се согласувам со членството на Македонија во НАТО, особено со обзир на тоа што се случува во Украина. – вели Стујард.

Тој смета дека тоа било разумна одлука, но другите барања кон земјата со кои се согласила и владата се морално неприфатливи. Ако се даде премногу, на крајот нишот не преостанува. Промената на името е еден очигледен дел видлив за сите.

– Додавката „Северна“ е смешна, но деталите, контролата која сопствената влада ја дала на друга земја, тоа ене компромис, не е отстапка, тоа е предавство. Ако ова се случеше во Шкотска, ќе имаше масовни протести. – вели Стујард.

Во однос на англискиот Брегзит, вели дека тоа е демократски проблем за Шкотска која гласала за останувањево Унијата, а остатокот од Обединетото кралство било против. И двете влади на Шкотска и кралството се со цврст став.

– Во случај со Македонија, со демократскиот мандат на референдумот, го немавте точниот праг, владата рече дека ќе го почитува, но не го направи тоа и продолжија понатаму. без обѕир на договорот, донесувањето одлуки вашата влада го игнорираше својот народ. Поголем сосед, кој сака нешто да докаже, ќе сака се повеќе. – вели Стујард.