
Имобиле го посочи лошиот терен како причина за ремито на Италија
Стрелецот на голот за Италија синоќа, Чиро Имобиле, се обиде да најде алиби за неуспехот во теренот на кој играле против Македонија.
За волја на вистината, не е далеку од она што треба да се каже, па дури и нашите репрезентативци потенцираа дека тревникот е во катастрофално лоша ситуација, но ете, Македонија успеа да освои голем бод против Италија.
„По ова реми треба да останеме смирени и обединети. Имавме шанси, но не успеавме да ги реализираме, тие ни дадоа гол од една единствена шанса кон голот, слободниот удар промени се. Теренот беше катастрофален и тоа не ни дозволуваше да диктираме игра и да бидеме уште побрзи. Сега следното коло во вторник мора да победиме и да останеме во игра за пласман на ЕП“, порача Чиро Имобиле.
Италија сега до крајот на квалификациите ќе мора да ги победи и Украина и Англија доколку сакаат да останат во игра за пласман на ЕП.