Илир Мета со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните избори во земјава

Поранешниот премиер и претседател на Албанија – Илир Мета, во пресрет на претседателските и парламентарните избори во Македонија, даде целосна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Северна Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани.

Да не заборавиме дека нејзината визија и политики во управувањето ја трансформираа Северна Македонија, 10-то место во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции. Благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Северна Македонија експлодираше во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи од 10 милиони евра годишно финансирање и зголемувајќи ги на 200 милиони евра.

Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засенија извонредните економски и општествени достигнувања. Северна Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа – истакна Илир Мета.